Вести Македонија Ударни вести

Заев: Во недела масовно да излеземе да ја потврдиме правилната насока на општините и државата

Сподели:

 

Во недела сме исправени пред изборот дали да продолжи напредокот и развојот на општините или ќе се враќаме назад во темното минато, порача претседателот Зоран Заев во Чучер Сандево.

„Знам дека граѓаните на Чучер Сандево се мудри и знаат да препознаат кој се грижи за општините и државата, кој обезбедува повисоки плати и пензии, кој ги унапредува демократијата и слободата, а кој парите на граѓаните ги троши на споменици, на бикови и палми, кој внесува поделби и кој се заканува со враќање режим. Јасна е разликата помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ поддржана од Левица. Ние водиме напред, тие упорно се обидуваат да не повлечат назад. Но тоа нема да им успее.“ посочи Заев.

Претседателот Заев повика на масовна излезеност во недела и поддршка за концептот и кандидатите на СДСМ и коалицијата.

„Потребна е масовна излезност во недела. Да не дозволиме да се врати режимот во каков било облика. Потребно е да ја потврдиме правилниот правец по кој треба да продолжат општините и државата, тоа е правецот кој носи повисоки плати, повеќе локални проекти за локален развој. Затоа во недела да гласаме за број 12 за Сашо Комненовиќ за Чучер Сандево да добие одговорен, посветен градоначалник“ заклучи Заев.

СДСМ, Локални избори 2021

Сподели: