Алтернатива Вести Македонија Настани

Жените во историјата и историографијата на жените во периодот меѓу двете светски војни

Сподели:

 

Денеска во НУБ „Св. Климент Охридски” – Скопје, Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) ќе одржи настан со неколку различни содржини, и тоа: промоција на публикација, конференција и изложба, кои во фокусот ги имаат жените во историјата и историографијата на жените во периодот меѓу двете светски војни.

Настанот ќе започне со промоција на публикацијата „Архиви на невидливите: Жените од македонското минато во печатот помеѓу двете светски војни“, која нуди авторски текстови и систематизирана библиографија за појавноста и видливоста на жените во печатените медиуми од меѓувоениот период.

Веднаш потоа ќе следува и конференција на тема „Регионални искуства на архивирање и изучување на историјата на жените во печатената култура – патишта на зачувување и споделување“. Во НУБ денеска ќе може да се види и изложбата на визуелната уметница Христина Иваноска на тема „Музеј на женски приказни“ започната во 2015 година.

Настанот се организира во рамките на проектот Архиви на невидливите, поддржан од Фондацијата „Хајрих Бел“, Министерството за култура и Град Скопје.

Сподели: