Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Заев за „1ТВ“: Ако референдумот не успее – ќе поднесам оставка

Сподели:

Заев во гостувањето во емисијата „Уреднички брифинг“ на „1ТВ“ рече дека со Грција постигнале фер решение за името што е базирано на факти и истакна дека треба да им се даде шанса на граѓаните да се изјаснат по ова прашање на референдум.

„ Ќе заминам ако не успее референдумот во Македонија, но толку сум сигурен дека тој ќе успее. Очекувам сериозни проценти 75-85%, согласно колкави се процентите на граѓани кои се изјасниле дека се за ЕУ и  НАТО“, рече Заев.

Тој додаде дека Македонија нема „План Б“ и дека земјата „не само што оствари успех и пријателство, туку и направи модел за решавање на тридеценискиот спор. Тоа е модел што може да се користи во пракса.“

-“Убеден сум дека граѓаните ќе донесат одлука за европска иднина, за себе и за другите генерации. Одлуката е едноставна, патот за ЕУ и НАТО е еднонасочен” – изјави премиерот.

Заев додаде дека во владејачката коалиција се уште не размислувале за формулацијата на референдумското прашање, но истакна дека ќе биде поврзано со одлуката за името и со ЕУ и НАТО.

Сподели: