Заев: Заштедивме 200.000 евра од премиерскиот буџет, ги наменивме парите за 20 инкубатори за болници низ Македонија!

Сподели

Претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев во изјава за медиумите го соопшти ставот за одредени непосакувани состојби во здравството поврзани со смртноста на новороденчињата. Заев го пренесе посочувањето на здравствените работници и стручните лица од фелата дека тоа е резултат на погрешните политики на минататата власт, што рефлектираа недостаток на инкубатори и недостаток на професионален кадар во здравството, како и на Клиниката за гинекологија и акушерство.

„Сакам само јавно да прашам каде отидоа овие 100 милиони евра за опрема коишто беа највени, а нема инкубатори за дечињата? По стандард треба да има 50 инкубатори, а има 20 коишто не се целосно функционални.“ изјави претседателот Заев.

Тој рече дека е донесена одлука со којашто од заштеди кои се направени во Буџетот на премиерот и Генералниот секретаријат по основ на прекинување на договор за реклами и кампањи на CNN, заштедени се вкупно 100.000 евра, а исто така направени се заштеди и од укинување на додатоци што претходната власт ги користела и од други непродуктивни трошоци, во висина од дополнителни 100.000 евра.

„Се заедно обезбедивме 200.000 евра. Почнавме постапка пред Бирото за јавни набавки, да ни дадат согласност и со сите овие пари ќе купиме 20 нови инкубатори. Ќе ги поклониме како Влада на Министерството за здравство и на Клиниката за гинекологија и акушерство, од коишто 15 ќе одат на Клиниката за гинекологија, а 5-те ќе одат во болници низ Македонија., Преку интервенција од заштедените пари решаваме едно вакво горливо прашање. Јас верувам дека медицинскиот персонал прави се што треба да прави, но знам и дека и граѓаните знаат дека тоа е рефлексија на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Тодоров кои во минатото се фалеа со огромни суми, стотици милиони евра за опрема во здравството, а останала гинекологија без неопходниот дел пропишан по прописи и закон во вкупен број на инкубатори за дечињата“ изјави претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев.