Захир Беќири Чауш доби две и пол години затвор за фалсификување документи

Сподели

Zahir-Bekiri-CHaush

Захир Беќири, познат во јавноста како Чауш, за кривичните дела фалсификување на документи доби казна затвор од две и пол години, додека неговиот брат Имер Беќири доби казна од една година затвор, пресуди денеска Основниот суд Скопје 1.

За кривичните дела изработка и набавка на оружје и двајцата добија ослободителна пресуда.

Браќата Захир и Имер Беќири беа обвинети за фалсификување на лични карти, пасоши како и за изработка и набавка на оружје.

Случајот во јавноста е познат како „Фабрика за афери“ и предизвика бурни реакции на политичката сцена.

Притворот за Имер Беќири ќе биде укинат додека неговиот брат Захир Беќири наместо укинување на притвор ќе се врати на оддржување на стара казна затвор во времетраење од еден месец.

Захир Беќири Чауш доби две и пол години затвор за фалсификување документи