ВМРО-ДПМНЕ нека се откаже од свој претставник за потпретседател на Собранието, тоа ќе го стори и СДСМ

Сподели

 

Позициите потпретседател на Собранието се утврдени само како бројка, уште во 2017 година, тоа не значи дека ќе има пет потпретседатели на Собранието. Во претходниот состав беа пополнети четири потпретседателски места“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарски прашања по денешната изјава за медиумите.

Претседателот Заев посочи дека ВМРО-ДПМНЕ оваа тема ја користи само заради собирање политички поени и ја повика опозициската партија да се откаже од свој предлог за потпретседател на Собранието, а потоа тоа ќе го стори и СДСМ.

„Тоа е бројка, не значи дека сите потпретседателски места ќе бидат пополнети. Оваа проблематика која ВМРО-ДПМНЕ ја отвори е само за политички поени. Нека се откаже ВМРО-ДПМНЕ од свој претставник за потпретседател на Собранието, ќе се откаже и СДСМ и тогаш ќе имаме три потпретседатели. Но, собранискиот Деловник вели дека најголемата опозициска партија има еден потпретседател. Ова е само собирање на политички поени на еден нечесен начин од страна на ВМРО-ДПМНЕ. За бројката на потпретседатели допрва ќе одлучува македонското собрание“, заклучи Заев.