Во четврток (25.09.2025), на заjдисонце, точно во 17 часот, ве очекуваме на “МСУ водич” со кустосот Бојана Јанева која ќе ве прошета низ трите новоотворени изложби во музејот: „Живко Поповски, живот посветен на архитектурата“; „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“, архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова и „Музеј отворен до понатамошно известување“, самостојна изложба на Џем А.
Музички избор: Марсо – почеток 18:00ч.
Влезница: 100ден.
Ретроспективна изложба:
ЖИВКО ПОПОВСКИ Живот посветен на архитектурата“
Куратори: Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја
Оваа ретроспективна изложба е прва сеопфатна презентација на делото на еден од највлијателните македонски архитекти – Живко Поповски.
Изложбата ја реализира Музејот на современата уметност – Скопје, со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија како проект од национално значење за 2025 година. Во нејзината реализација великодушно придонесоа Комората на овластени архитекти и инженери на Република Северна Македонија, компанијата КНАУФ. Приател на МСУ – Скопје Тиквеш.
. . .
Изложба:
Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта.
Архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова.
Изложбата е обид да поттикне расмислувње дека секоја колекција можеби е, би можела да биде, како што секогаш е – бесконечна. Како што и секое отсуство, изоставање и бришење во рамките на една колекција не е ништо друго туку поинкаво присуство.
Изложбата е подржана од Државниот архив на Република Северна Македонија, Кинотеката на Република Северна Македонија, Националната академија за дизајн, САД.
Изложбата е соработка помеѓу Музејот на современата уметност – Скопје, Министерство за култура и туризам на РС Македонија и Амбасадата на Соединетите американски држави во РС Македонија.
. . .
Самостојна изложба на Џем A.:
„Музеј отворен до понатамошно известување“
Куратори: Јованка Попова и Никола Узуновски
Изложбата „Музеј отворен до понатамошно известување“ го разгледува музејот како институција што истовремено сака да биде достапна, инклузивна и современа, но и како место обременето со хиерархии, правила, и ограничувања.
Изложбата е финансиски поддржана од Фондацијата Саха и Министерството за култура и туризам на РС Македонија. Пријател на МСУ – Скопје Тивеш.