Заклучно со вчера, попишани се 308.551 граѓани

Сподели

 

„Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308. 551 лице. Само вчера беа попишани 114.308 лица.Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk,“ информираат од Државниот завод за статистика.

Од ДЗС велат дека попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираат до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.