Законот за архивско работење по европски терк

Сподели

 

Вицепремиерката во Владата на РСМ, Славица Грковска оствари работен состанок со директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески на кој се разговараше за новиот Закон за архивско работење, кој е во процедура и треба наскоро да се усвои во нашето Собрание.
 
Обострано е оценето дека е потребно Законот да се дополни со одредби во согласност со процесите поврзани со новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023-2030) и со потребите на дигитализацијата на историските документи и материјали.
 
На средбата стана збор и за други актуелни прашања поврзани со функционирањето на Државниот архив, со акцент врз прашањето за изнаоѓање соодветно просторно решение за оваа значајна државна институција.