Законот за пушење, евтините летови и аеродромот во Штип на владина седница

Сподели

Владата денеска ќе ја одржи 32. седница, а помеѓу бројните точки на дневниот ред е и предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето.

На предлог на Собранието, министрите во Владата на овааа седница ќе се произнесат по однос на овој предлог-закон по скратена постапка, со кој би било дозволено да се пуши и во надворешните тераси на рестораните и на кафулињата, без разлика на временските услови. Ова е само една од предложените измени во Законот за заштита од пушење.

Сега, за време на зимскиот период, законот не дозволува пушење во затворени тераси.
На седницата ќе се разгледа и информацијата за пројавен интерес за користење стручна помош од странски експерти на третиот јавен повик на проектот „Странски експерти за домашни компании“.

На предлог на Министерството за транспорт и врски ќе се разгледа и информацијата за реализација на проектот „Евтини летови за македонските граѓани“.

Министерството за транспорт и врски на оваа седница на Владата ќе ѝ ја презентира и информацијата за текот и за прогресот на активностите за изградба на карго-аеродром „Филип Втори“ во Штип.

meta.mk