Запленети над 1.100 метри мрежа и околу 100 килограми риба во Преспанското езеро

Сподели

 

На 24. мај, во периодот од 00.20 до 07.00 часот, во координирана акција на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, БЈБ во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие и концесионерот на езерото во водите на Преспанското езеро се пронајдени 22 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 1100 метри, со околу 100 кг улов.
 
Мрежите и уловот се подигнати и предадени на Државниот инспекторат за земјоделие за понатамошна постапка.