Вести Македонија

Започна процедурата за утврдување на уставноста на СЈО

Сподели:

Ustaven-sud-Tabla-860x680

Уставниот суд ќе се произнесе за поднесената иницијатива за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, објави телевизија „Телма“

По 8 месеци чување во фиока предметот веќе е доделен кај судија известител. Можно е да се најде на дневен ред на седницата закажана за среда.

Познавачите на оваа материја сметаат дека судот нема да донесе одлука со која ќе се укине СЈО поради фактот што тоа произлегува од Договорот од Пржино кој беше постигнат со консензус и на кој потпис ставија лидерите на четирите политички партии, ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Од СЈО велат дека нема основа Законот да се прогласи за неуставен.

„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од соржината на незаконското следење на комуникациите постапува согласно Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и сметаме дека нашето постапување е во согласност со Уставот на Република Македонија, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот и законите во Република Македонија“, велат од СЈО.

Законот за СЈО го оспоруваат претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров и Томе Тодоровски, адвокат од Свети Николе.

http://meta.mk/zapochna-protsedurata-za-utvrduvane-na-ustavnosta-na-sjo/

Сподели: