Започнува 41. Скопско лето согласно протоколите за јавни настани

Сподели

 

Согласно Протоколот за спроведување на мерки за заштита од КОВИД-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани, донесен на 73-тата седница на Владата на Република Северна Македонија и Протоколот бр.33 за начинот и условите за организација на настани, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, го најавува Официјалниот почеток на 41-вото издание на фестивалот „Скопско лето“, со концертот „СКОПЈЕ ВО ТРИ БОИ“ со учество на – Душко Георгиевски – вокален изведувач и флејта, Ратко Даутовски – ударни инструменти, Емил Адамски – кавал и акустичен бас, Бајса Арифовска – пијано, тамбура, виолина, кларинет и Благоја Алачки – гитара.


06.07.2020 год. (понеделник), почеток во 20:30 часот

Факултет за ликовни уметности – Сули ан


Во наредните денови следуваат: 07 јули (вторник) 20:30 -Јубилеен концерт на Пламенка Трајковска “LADIES AND GENTLEMEN” – Пламенка Трајковска квинтет: Пламенка Трајковска – виолина, Наташа Диденко – виолина, Магдалена Попоска – виолина, Сандра Крсевска – виолина, Љубица Бошкоска – виола Трио Џентлмен: Дејан Стоев – тенор, Јане Дунимагловски – тенор, Кристијан Антоновски – баритон – Факултет за ликовни уметности – Сули Ан 08 јули (среда) 20:30 -Концерт на „АД ЛИБИТУМ“ трио – Силвана Атанасова Чулева – пијано, Лазар Соколов – кларинет и алт саксофон, Емилија Кабранова Филипова – пијано – Музеј на македонската борба
09 јули (четврток) 20:20 -ОНЛАЈН промоција на книгата „…KAO TI I JA… / …КАКО ТИ И ЈАС… / …LIKE YOU AND ME…” …љубовно патеписна поема инспирирана од младоста на Никола Тесла… автор: Тони Манџуковски – Манџук рецензенти: Ефтим Клетников, Томислав Шуминовски, артисти:  Сашко Коцев, Раде Шербеџија (видео проекција) – Тесла бар – ул.„Никола Тесла“ бр.9 Скопје 10 јули (петок) 21:00 -Монодрама „ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ“ – автор: Николај Гогољ, режија: Ѓорѓи Ризески, игра: Бобан Алексоски – продукција: Театар „Златен Елец“, – Факултет за ликовни уметности – Сули Ан.


ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПУБЛИКАТА:
Согласно објавените протоколи
бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжитело ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
– носење заштитни маски,
– мерење телесна температура
– одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во
гледалиштето,
– дезинфекција,
– влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот,
Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.
Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupipartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.