Алтернатива Настани

Започнува меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS

Сподели:

 

Mеѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS, под слоганот „Од високо подобро се гледа“, ќе се одржи од 7 до 14 овој месец на повеќе локации низ Скопје – на покривот на ГТЦ, на покривот на Дом наградежници, Музеј на современа уметност, Авто киното на Водно, во МКЦ парк, во кино Милениум и Кинотека. 
 
Отворањето и затворањето на 21-от CINEDAYS, се во знак на македонските режисерски имиња. 
 
Филмот „Мими“ на Даријан Пејовски својата светска премиера ќе ја има во четврток на отворање на фестивалот, а затворањето на фестивалот е со „Нема да си сама“ на Горан Столевски, кој што го сврте вниманието на светската филмска јавност по премиерата на Санденс. 
 
Годинешната програма на CINEDAYS е селекција на Бернд Будер, и во неа граѓаните ќе имаат прилика да видат светски и македонски филмови и копродукции што „гравитираат“ во неколку нови и веќе познати програмски целини: Официјална селекција, SEE програма, МК Shorts (кратки филмови), ретроспектива на Фатих Акин, како и Гала програмата на фестивалот во која доминираат филмови од годинешново издание на Канскиот фестивал. 
 
Во насока на поддршка и развој на филмската уметност Градот Скопје е подржувач на меѓународниот фестивал кој со години наназад е неизоставен дел од културната програма на Скопје.
Сподели: