Грејната сезона официјално завршува утре, на 15 април и почнува т.н преоден период кој ќе трае до 30 април.
РКЕ известува дека греењето нема целосно да запре, туку ќе се активира само под одредени услови. Доколку прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) покаже дека средната дневна температура ќе биде еднаква или пониска од 12 степени, тогаш снабдувачот ќе мора да обезбеди греење од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1º C.
Оваа пракса се применува со цел да се прилагоди потрошувачката на енергија на пролетните температури и да се избегне непотребно греење во потопли денови.


