Изложба „Дозимери“ на Драган Верговски-Алпи

Сподели:

На 17 април 2026 година (петок), со почеток во 19 часот, во Ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски-Алпи.

Изложбата опфаќа 30 дела изработени на картон и алуминиумски лим, со мотиви инспирирани од крстови, пејзажи и кочанското поле.

Драган Верговски-Алпи е советник конзерватор и автор со богато творештво и долгогодишно искуство во заштита на културното наследство.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Сподели: