Алтернатива Настани

ЗДРАВО МЛАДИ # 6

Сподели:

MDzdravomladifestivali-1

МКЦ, 4 Јуни, 19:00ч

Стигнавме и до шестото издание на фестивалот на нова музика „ЗДРАВО МЛАДИ!“.

Го имаме и првиот потврден изведувач, а наскоро ќе ја комплетираме програмата за оваа година.

Закажуваме средба на 04 јуни, пред/во МКЦ!

WOODEN WISDOM + DJ FITZ.

Wooden Wisdom се двајца DJ-и – Turquoise Wisdom (Zach Cowie) и сјајниот актер и сопственик на издавачка куќа Илајџа Вуд (Elijah Wood – Фродо од Господарот на прстените). Ова дуо пушта класични фанк-соул траки, меланхолични стари инструментали, денс њувејв траки за шизење од 80-тите – главно, музика што ќе ве размрда!

Илајџа Вуд е сопственик на издавачка куќа и има колекција од околу 4000 плочи. Во паузи од снимања, слободното време го користи за диџејување со својот другар Зак и патуваат ширум светот и прават одлични забави. Официјалната најава е:

Придружба им е DJ Fitz, чии сетови имаат една цел, да докажат дека постои и друга култура, таква којашто верувала или сè уште верува во психоделична музика. Од 2013, тој секоја година на фестивалот Килби (Швајцарија) покажува дека го има најдобриот 2-часовен psych сет во светот. Ако постоеше бог на psych-от, ќе се викаше Mr. Fitz!

 

Сподели: