Здружение на Горанците: Сите наши членови и волонтери се ставаат на располагање во борбата со КОВИД-19

Сподели

 

“Поради сериозноста на ситуацијата во врска со се поголем број на новозаболени од Ковид-19, а со цел да се помогне на нашите херои здрвствени работници, Здужението на Горанците во Македонија ја донесе следнава одлука:

Сите наши капацитети, членство и волонтери се ставаат на располагање на институциите кои се справуваат со Ковид-19 во дел кои можат да помогнат и да дадат придонес во рамки на своите можности!

Сите заинтересирани кои имаат желба и можност да помогнат на било кои начин, можат да се обратат на емаил, телефон или инбокс.

Ова ќе биде наш мал придонес како општествено одговорни граѓани во оваа заедничка борба, а воедно голема поддршка за хероите на денешницата -ЗДРАСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ!” – се на ведува во соопштението од  Здружението на Горанците во Македонија.

denesmagazin.mk