“Зегин” донираше 4.000 визири за учениците во Општина Чаир

Сподели

 

Компанијата Зегин, донираше 4.000 заштитни маски визир за учениците на основните училишта на Општина Чаир, кои наставата ја следат со физичко присуство.
 
 
 
 
По поставувањето на вкупно 1950 заштитни паравани во нашите основни училишта, овој пат како резултат на соработката на Општина Чаир со познатата фармацевстка компанија “Зегин“ и нејзиниот сопственик г-дин Благој Механџиски, Градоначалникот Висар Ганиу заедно со директорите ја примија донацијата од 4.000 визир маски за потребите на учениците во основните училишта на територија на општина Чаир, кои наставата ја следат со физичко присуство.
 
 
 
 
Градоначалникот Ганиу му се заблагодари на г-дин Механџиски за неговата подготвеност да соработува во соочувањето со вирусот Covid 19, подарувајќи му плакета за неговиот хуманитарен придонес во знак на почит и благодарност со фигурата на нашата голема хуманистка Мајка Тереза.