Земјотрес од 4,6 степени во Косово, почувствуван и во Македонија

Сподели:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот најмногу е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината, во Скопје и другите градови во Македонија, како и во Албанија, Србија и Косово, со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Сподели: