Вести Свет Ударни вести

Земјотрес од 5.6 степени во Грција – три лица лесно повредени

 

Три лица се полесно повредени и предизвикана е материјална штета во земјотресот со јачина од 5.5 степени според Рихтер, што кусо пред три часот по полноќ се случи во близина на грчкиот град Парга, а бил почувствуван по поширокиот регион на Епир, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот регистриран во 2.49 часот по локално време, бил 14 километри североисточно од Парга, а од рано утрово на терен се регистрира штетата.

Според локалните медиуми, повредените лица, биле префрлени во болницата во Јанина, а предизвикана е штета на домови, објекти и патната мрежа.

Три часа претходно, во 23.38 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4.3 степени според Рихтер, со речиси идентичен епицентар.

– Нѐ загрижува тоа што започна од ниско, 4.2 степени по Рихтеровата скала на полноќ и достигна до 5.6 Рихтер во 2.49 утрово – вели претседателот на Организација за планирање и заштита од земјотреси, професорот Ефтимиос Лекас за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Сподели: