Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди централна Италија

Сподели

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени по Рихтеровата скала ја погоди областа во централна Италија, која во 2016 година беше разурната од силен потрес.

Според првичните податоци, денешниот земјотрес предизвикал помала материјална штета и никој не е сериозно повреден.

Епицентарот бил во местото Муча во регионот Марке, а регистриран е во 05.11 часот по локално време.

Градоначалникот на Пјеве Торина, кој претрпе тешки последици во 2016 година, изјави дека денешниот земјотрес нанел извесна штета и оти училиштата се затворени. Во делови од градот е запрен и железничкиот сообраќај.