Вести Изјави Македонија Ударни вести

Згрижувачките семејства даваат резултати, децата без родители и родителска грижа растат во семејна атмосфера

Сподели:

 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети згрижувачкото семејство Гошеви кое има згрижено три деца, на возраст од четири, четиринаесет и осумнаесет години, со различни социјални и здравствени ризици.

„Со вистинска посветеност, љубов и грижа згрижувачкото семејство Гошеви, целосно успеале да создадат семејна атмосфера која е од големо значење за психо-физичкиот развој на децата. Како Министерство за труд и социјална политика тоа е и нашата заложба,  преку реформите во социјалната заштита, децата без родители и родителска грижа бидат сместени во опкружување кое е најблиску до семејната атмосфера. Задоволството на згрижувачите и среќата која зрачи од лицата на децата е потврда дека реформата дава вистински резултати,“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека семејна поддршка, вниманието и грижата се клучни за напредокот на децата.

Со цел поддршка на згрижувачките семејства и поттикнување на граѓаните кои имаат услови станат дел од згрижувачките семејства,  во нашата држава воспоставени се три центри за поддршка на згрижувачки семејства, тоа се центрите при СОС Детско село, Детскиот дом „11 Октомври„ Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола. 

Центрите за поддршка на згрижувачките семејства се воспоставени со новиот Закон за социјална заштита и нивна задача е подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства. Во моментот во државата има 324 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 576 корисници.

Сподели: