,,Жалам што се вакцинирав,, – Се подготвува нова бура во спортскиот свет!

Сподели

Српскиот тенисер Новак Џоковиќ трпи тешки санкции бидејќи не се вакцинирал, но има спортисти кои се покајале зошто ја примиле!

фото: Carlos Avila Gonzalez / The Chronicle

Канадскиот кошаркар Ендрју Вигинс истакна дека жали што се вакцинирал бидејќи неговото тело не функционирало добро по имунизацијата.

Ол Стар натпреварот, најдобрата сезона во неговата кариера и на врвот на се, шампионска титула во НБА.

Некој би рекол година од соништата за Ендрју Вигинс, но канадскиот кошаркар не мисли така бидејќи не е задоволен од тоа како реагираше неговото тело по задолжителната вакцинација во најсилната кошаркарска лига во светот.

Дечкото кој своевремено беше прв пик на драфтот на Кливленд пред почетокот на сезоната беше на мислење дека не сака да се вакцинира.

Сепак, поради одлуките во НБА лигата, но и во одредени градови, можеше да се соочи со мал број натпревари, исто како Кајри Ирвинг, па сепак реши да се имунизира.

,,Да бидам искрен, се уште жалам што се вакцинирав! Бев Ол-стар, станав шампион. Најдобрата година во мојата кариера, но не и за моето тело. Едноставно не сакав да ги ставам тие работи во моето тело. Едноставно не ми се допадна затоа што немав избор“, изјави Вигинс.

The post ,,Жалам што се вакцинирав,, – Се подготвува нова бура во спортскиот свет! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico