Вести Изјави Македонија Ударни вести

Жбогар: Политичарите и судството треба да ја вратат довербата кај граѓаните

 

Амбасадорот на Европската комисија, Самуел Жбогар денеска изјави дека наоѓањето решение за функционално судство е поважно отколку да се добие датум за преговори со Европската Унија и дека политичарите и судството прво треба да ја вратат довербата кај граѓаните, а земјите-членки на ЕУ очекуваат гаранции за предметите на СЈО.

„Мислам дека наоѓањето на решение за функционално судство е многу поважно отколку датумот за отпочнување на преговорите. Мислам дека политичарите и судството прво треба да ја вратат довербата кај граѓаните пред сè. Така што мислам дека фокусот треба да биде врз тоа. Ако се реставрира таа доверба, сигурен сум дека и ние во ЕУ ќе ја препознаеме и признаеме таа промена“, изјави Жбогар.

Сподели: