Вести Македонија

ЖБОГАР: СО ФЕР ИЗБОРИ ДО ИЗЛЕЗ ОД ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА

Сподели:

zbogar

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека изборите на 11 декември можат да ја извлечат земјата од политичката криза под услов кампањата да биде фер и изборите да бидат кредибилни. Тој денеска присуствуваше на отворањето на Националната конференција „Градење култура на соживот: Соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа како фактор за развој на меѓуетничкиот дијалог“.

– “Изборите можат да ја извлечат земјата од политичката криза и под услов новата влада кога ќе ја преземе функцијата да побара итно, искрено и сеопфатно спроведување на реформските приоритети “- рече Жбогар.

Посочи дека меѓу нив се и подобрувањето на односите меѓу заедниците и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

Сподели: