Алтернатива Настани

Жени за жени – апсајклирање и рециклирање на гардероба

Сподели:

„Една може!” и “Комерцијална Банка” на пат кон новиот тренд во текстилната индустрија “Women for women-Recycling and Upcycling”

Здружението за еднородителски семејства „Една може!“, со поддршка на “Комерцијална банка АД Скопје” на 25-ти август, со почеток во 19 часот,

Ви го најавуваат продажниот настан „Recycling, reusing and upcycling – Women helping woman “ во рамки на проектот „One made – Handmade“, на кој ќе бидат понудени искреирани парчиња на веќе носена но добро сочувана облека, со што целиме да ја зголемиме свеста за негативните импакти од потрошувачката треска и да го актуелизираме рециклирањето, како еден од начините за заштеда на финансии, но и за заштита на планетата од загадување.

И сето тоа во заедничка обединета цел на „Една може!“ и “Комерцијална банка” за унапредување на правата на родителите и децата од еднородителските семејства.
Исклучителна благодарност до “Комерцијална банка”, која се покажа и докажа како неверојатно социјално свесен субјект во нашето општество. Комерцијална банка ја понуди својата поддршка на здружението “Една може!” од март месец 2017 година, кое во својата борба за права на самохрани родители врши напори за економско закрепнување на членовите и реализирање на визијата за рамноправен третман, видливоста на нивните проблеми во општеството, како и борбата за родителските права.
Со создавање поддршка во функционирање на здружението „Една може!“, “Комерцијална Банка” помага во остварување на целите на Здружението и подигање на јавната свест за разбирање на специфичноста на нивните семејни заедници преку конкретно дадена шанса за претпримнички дејности во дневен работен простор обезбеден од страна на банката.

Маспотрошувачкото општество не притиска да трошиме и кога не треба, а со тоа да произведуваме отпад кој е штетен за целата планета.
Организацијата на еднородителски семејства „Една може!“ реши дека сака да го смени начинот на кој светот мисли за модата и да го возврати ударот со рециклирање и реупотреба, пренамена на веќе постоечки производи во вид на облека и алишта.

Деловниот работен простор им овозможува на нашите креаторките и нашите дизајнерки секојдневно и непречено да ги изразат своите силни имагинации и ќе ги насочат вештите раце на самохраните мајките.

Создаваме неодоливи парчиња кои ќе имаат специјално место во Вашите плакари, но радоста ќе биде и во нивната соодветна практична намена, зошто ќе ја говорат приказната за едно еко-свесно и креативно општество.

Заедничарењето кое го правиме за „Една може!“ промовира навистина инспиративна идеја дека модата може да биде еколошка, етичка и ефтина, а воедно да ја зголеми самодовербата преку економска независност на самохраните мајки.

Дизајнерските производи ќе бидат изложени во дневниот работен простор на „Една може!“, за сите кои се во чекор со модата, а воедно и љубители на креативни дизајнерски парчиња, но во исто време и еко свесни личности.

„Една може!“ со поддршка на “Комерцијална банка” преку заедничкиот проект за рециклирање го менуваат погледот во глобални рамки и се во чекор со новитетите во модната индустрија.

Бидете дел од нашата визија, “За Една да може потребни сме сите”.

Koncept Centar Edna Moze/edna Pravi

ul. Naroden front br. 5, Skopje
Сподели: