Жените од ДД го кренаа гласот дека Депонијата на Каршиака ги става на ризик од рак на дојка

Сподели

 

Во месецот на подигање на свеста за рак на дојка, Демократското движење одржа панел-дискусија во регионот на Каршиака, поточно во село Батинци. Многу жени се собраа да се информираат од присутните докторки  Рина Пурини, гинеколог и Мирела Авдиќ, општ лекар, за причините за појавата на ракот на дојката.

Жените од Демократското движење, по панел-дискусијата одржана во село Батинци, констатираа дека депонијата „Дрисла“, но и дивите депонии кои се во близина на селата на Каршиака со над 20 илјади жители, сериозно го наштетуваат здравјето на жителите, воопшто, и особено на жените, директно влијаејќи на зголемувањето на бројот на жени заболени од рак на дојка.

„ Jавното здравство е со нарушена доверба. Пациентите се во паника дали добиваат соодветна и навремена терапија, како што е случајот со Клиниката за онкологија, констатираа жените од ДД.

Според нив, причините за ваквиот хаос се секојдневните скандали кои го тресат јавно здравствениот систем, додека од друга страна, се трошат милиони на нови апарати за коцкање а не е набавен лек за спречување на тешки последици од Ковид за пациенти со ослабен имунитет, проценија жените од Демократското движење.

Тие проценија дека лекарите и медицинскиот персонал се жртви на партиски кадровски комбинаторики.

“Граѓаните, иако целиот професионален век плаќаат придонеси за здравствено осигурување принудени се да се лечат во приватни болници“, алармираат од Демократското движење на Изет Меџит.

Жените од Демократското движење, од Батинци упатија апел за ресетирање на целокупниот здравствен систем во државата или еден лек за болното здравство на нашата држава, пациентите да се згрижат без разлика и да се врати довербата во здравствениот систем.