Турскиот музичар Омер Фарук ќе го отвори фестивалот „Скопско лето“

Сподели

Триесет и осмото издание на музичкиот фестивал „Скопско лето“ оваа година ќе биде отворено со концерт на турскиот композитор и музичар Омер Фарук Текбилек, а ден подоцна, пред скопската публика ќе настапи и словенечката рок-група „Ланчи Франз”, јавува Anadolu Agency (AA).

Омер Фарук Текбилек, чиј концерт во Скопје ќе се одржи на 21 јуни, во моментов работи во САД. Тој свири на традиционални инструменти, како што се флејта, зурла, како и некои други инструменти. Од друга страна, „Ланчи Франз“ е најреволуционерната рок група од поранешна Југославија.

Организатор на фестивалот „Скопско лето“, кој се одржува под покровителство на Министерството за култура и Градот Скопје, е Дирекцијата за култура и уметност – Скопје. Шефот на овој оддел, Мирко Стефановски, истакна дека настанот е од големо значење, бидејќи го привлекува вниманието на домашната и на странската јавност кога се во прашање културни настани.

Доаѓањето на турскиот композитор и музичар во Скопје е овозможено со помош на турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје. Заменик-директорот на културниот центар, Фуат Коркмаз, рече дека овој настан на кој учествуваат изведувачи од различни земји ги претставува мултикултурните вредности на Балканот и на Европа.

„Омер Фарук Текбилек е мајстор на традиционалниот инструмент ‘неј’, а свири и на различни традиционални духовни инструменти. Тој е лек за нашата духовна состојба, кој ги допира нашите чувства со својата музика“, рече Коркмаз.

Манифестацијата „Скопско лето“, која нуди богата програма со многу настани од различни сегменти од културата, трае 40 дена. Во културните настани во рамките на оваа манифестација настапуваат локални изведувачи, како и од други изведувачи од балканските земји и пошироко.