Животот да ти стане бајка – вдоми куче од Лајка

Сподели

 

Почнува викенд, временската прогноза предвидува убаво време, идеална можност да го посетите стационарот, доколку планирате да го проширите вашето семејство и вдомите куче. Ве очекуваме со нетрпение!
ЈП Лајка е во моментов времен дом на 105 кучиња, сите посебни по својот карактер, изглед и карактеристики. Но едно нешто важи подеднакво за сите – на секое бескрајно му треба љубов, семејство, дом.

–       За вдомен миленик не плаќате ништо,
–       Вашиот мелез е единствен и уникатен
–       Вдомувајќи спасувате нечиј живот
–       Добивате безусловна љубов и верен пријател
–       Вашиот пример ќе биде поттик за некој друг!

Многумина не се доволно информирани за судбините на бездомните животни и причините зошто се на улица. Човекот како фактор, неодговорното сопствеништво, неконтролираното размножување и напуштање се примарен причинител за нивната прекубројност. Животните на улица се осудени на тежок живот, секојдневие исполнето со страв, трауми, глад, предвремена, најчесто насилна смрт. Но, хуманоста е „заразна“, а една позитивна приказна влијае и менува многу. Со вашата одлука вие спасувате еден живот, а притоа давате позитивен пример на сите останати. Благодарение на таквите, сè поголема е бројката на поединци кои вдомиле, ќе вдомат и ќе спасат живот и кои стекнале прекрасен, верен и уникатен пријател.

Нaшите вработени ви стојат на располагање за сите понатамошни консултации и појаснувања, откако ќе не контактирате на vdomi@lajka.com.mk или посетите.

На Facebook страница можете да разгледате дел од штитениците, објавени за вдомување.