Во четврток, на 22 октомври, со почеток во 20 часот, вo Кинотеката на Македонија e проекцијаta на македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ (2016), во продукција на „Револушн“ – Скопје, со продуцентот Дејан Милошевски во режија на Горан Тренчовски, во траење од 84 минути, е историска драма инспирирана од трагичната судбина на петтемина струмички студенти, ликвидирани во 1951 година.
Низ приказна што ги поврзува минатото и сегашноста, „Златна петорка“ ги открива судбините на младите студенти, нивните љубови, идеали и надежи, но и последиците од политичките притисоци, лојалноста и предавството. Кога, по повеќе децении, повторно се отвораат страниците на минатото, се поставуваат прашања за вистината, одговорноста и човечките избори. Сценариото го потпишуваат Елеонора Венинова, Билјана Гарванлиева и Горан Тренчовски, инспирирани од прозните и драмските мотиви на Братислав Ташковски.
Во филмот настапуваат Метo Јовановски, Славко Штимац, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Љупка Џундева, Јана Стојановска, Ненад Милосављевиќ, Васил Михаил и други. „Златна петорка“ доби и меѓународни признанија, меѓу кои наградата „Златен грифон“ на Love Film Festival во Перуџа, награда за најдобар странски долгометражен филм на Меѓународниот филмски фестивал во Кардиф и специјална диплома од жирито на DetectiveFEST во Москва.
извор/фото Кинотека


