ЗНМ го осуди кукавички акт на обезбедувањето на Груевски

Сподели

pres-konferentsija-Naser-S-ZNM-860x680

Здружението на новинарите на Македонија денеска најостро го осуди вчерашниот инцидент во „ТВ21“, кога лица од обезбедувањето на поранешниот премиер Груевски натераа новинар да брише снимки.

– Прво сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира сила против медиумите. Сакам да го потсетам господинот Груевски дека во Македонија слободата на изразувањето е гарантирана. Тој е јавна личност и на јавно место, новинарите имаат право него да го снимаат – изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Министерствотп за внатрешни работи би требало денеска да излезе со официјална информација за вчерашниот инцидент и да даде објаснување зошто полицајците влегле во „ТВ 21“.

Инцидентот се случил за време на прошетката на Груевски и неговото семејство по улица Македонија. Обезбедувањето веднаш интервенирало откако забележале дека новинар го снима лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие упаднале во телевизијата, го легитимирале новинарот и од неговиот мобилен телефон го избришале снимките. Еден од телохранителите се легитимирал дека вработен во МВР.

ЗНМ го осуди актот на обезбедувањето на Груевски