Шумски пожар во крајбрежните кањони на јужниот калифорниски град Санта Барбара зафатија повеќе од 1.600 хектари земјиште, а пожарникарите засега не успеваат да го стават под контрола.

Округот Санта Барбара прогласи вонредна состојба поради пожарот нарешен Шерпа. Властите наредиле евакуација на пет места и издале предупредување за уште пет. Исто така, затворени се и два кампа.

Пожарот изби во средата попладне и уништи насади на авокадо, лимон и маслинки. Во текот на ноќта, поради пожарот е затворен и крајбрежниот автопат, а во налет на огнената стихија се уништени и станиците за прочистување на вида со која се снабдува државната плажа Ел Капитан, една од плажите која пред година дена се бореше со изливање нафта.

Во гаснењето на пожарот учествуваат повеќе од 1.200 пожарникари. Временските услови дополнително го отежнуваат гаснењето на пожарот.

 http://meta.mk/vonredna-sostojba-vo-santa-barbara-poradi-golemiot-pozhar/