ЗНМ ја осудува непримерната комуникација кон новинари од страна на струшката општина

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, општина Струга на својата официјална facebook страница, објави соопштение каде што на недоличен начин преку сериозни обвинувања се обиде да ги дискредитира медиумите во Охрид.

За жал, мора да истакнеме дека најголемиот дел од проблемите и потешкотиите кои настанаа и сеуште постојат во Охридскиот регион произлегува од Општината Охрид и нејзините раководители, кои постојано, под патерицата на од нив платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓаат нашата општина за секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи“ – пишува во дел од соопштението.
Постапките на општината, како јавна институција, се чини дека е обид за дискриминација на медиумите и замолчување на локалните новинари преку цензура. Дополнителен проблем е фактот што во соопштението се инсинуира дека медиумите се платени од страна на охридската општина. Потсетуваме дека службениците за својата работа одговараат пред граѓаните, така што секој обид за замолчување на новинарите внесува недоверба кон институцијата и влијае на нејзината транспарентност, бидејќи медиумите и новинарите се каналот за комуникација со јавноста.
Ако кој било кој граѓанин, јавна институција и слично, има некаков проблем со објава од кој било медиум, постојат законски механизми за заштита, како што е барање на исправка или демант. Освен ова на располагање се и медиумските саморегулативни механизми преку Советот на честа при ЗНМ и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ).Овој инцидент ќе биде нотиран во годишните извештаи за слобода на изразување како негативен пример за погрешна комуникација на јавни институции со новинари и медиуми, информираат од ЗНМ.