Зоолошката градина во Скопје е побогата за две мали жители – волчиња.

“Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив.

Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени. Затоа и овие фотографии се направени во ретки моменти кога тие излегуваат надвор, љубопитно го истражуваат просторот и веднаш повторно се враќаат во сигурноста покрај мајката” – информираат од ЗОО Скопје.
фото ЗОО Скопје


