Во организација на ООУ “Толи Зордумис” – Куманово, во рамки на проектот Еразмус +, денеска во Занаетчиски дом, се одржа презентација на прирачник “Звукот на нашите срца” и програма за музико – терапија, одобрени од Биро за развој и образование.

Пред присутните, учениците и наставниците преку вежби го објаснија функционирањето на проектните активности, кои можат да се применат во наставата на изборни предмети, во основните училишта.
На едукативниот настан присуствуваа претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претставници од Секторот за образование на Општина Куманово.


