Десетиот јубилеен состанок за ретки болести на Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Охрид, во хотел Силекс од 2 до 4 октомври.

“Оваа година, одбележуваме значаен јубилеј – десет години посветеност, соработка и напредок во справувањето со предизвиците на ретките болести во регионот.
Состанокот ќе собере врвни експерти, лекари, научници, пациентски организации и претставници од здравствените институции од Југоисточна Европа и пошироко. Ќе се дискутира за најновите достигнувања во дијагностиката и терапијата, ќе се разменат искуства и ќе се дефинираат стратегии за подобрување на квалитетот на животот на пациентите со ретки болести.
Бидете дел од овој важен настан и заедно да ја подигнеме свеста за ретките болести”, повикуваат од Ретки болести Охрид.


