10 работи за ЕДНА ПРАВИ кои треба да ги знаете

Сподели

 

https://www.facebook.com/onecansocbizz/videos/1738551889513615/

Се повеќе се развива социјалното претприемништво во нашата држава, а особено присутен е бројот на жени претприемачи со стартап идеи кои решаваат проблеми на општествено, културно, еклошко и социјално ниво. Во склоп на невладината организација Една Може која работи на уставување на правото и позицијата на самохраните родители во Македонија произлезе Една Прави.

Се работи за социјално претпријатие кое изработува целосно природни органски производи и охрабрува самохрани мајки како нејзиниот основач да се издигнат како фалкони во општеството.

Производите на Една Прави од нејзиното основање досега имаат поминато долг пат до тоа што се. Поминаа низ различни форми и пакувања и количина додека бараа дом каде ќе ја остварат својата цел. И ова лето стигнуваат до онакви производи кои се доста потребни и побарувани на пазарот.

Се еколошки свесни, не содржат никакви хемикалии кои се штетни на организмот и доаѓаат во бохо стил пакувања со повеќе совети околу негата на вашето тело. Можат да се набават во Концепт Центарот на Една Може/Една Прави, кој се наоѓа на Народен Фронт 5 Скопје и е место каде се чувствува магијата. Изработено со нежни пастелни нијанси, и дрвени полици каде натежнуваат прекрасно спакувани сапуни, мелеми и продукти кои изгледаат така добро што те тераат да се запрашаш дали си во друг универзум. Во воздухот се чувствува онаа пријатна арома на нешто правено природно, со љубов и се слуша некоја песна што те внесува во некој филм.

А основачката која ги изработува овие магични производи ,кои се се што му треба на вашето тело да биде во одлична форма, а вашата кожа како нова, спрема нешто ново и ова лето. Како жена која знае да приготви производ што е лек, негувател и превентива таа знае да зготви и изненадувања што ќе ве натера да се запрашате зошто некогаш сте им верувале на огромни неперсонални фирми кои произведуваат производи со штетни хемикалии кои повеќе му наштетуваат на вашето тело отколку нешто мало, природно и „магично“.
Затоа ова лето следува зголемување на присуството на Една Прави во вашите животи. Производите допатуваа и до Еурофарм аптеките каде можат да се набават а Една Прави готви повеќе статии со совети на веб страната, на фан страната на Фејзбук и онаа на Инстаграм, во текот на ова лето ќе има нови пакувања, нови производи, нови интересни видеа и комуникација со сите оние на кои им е потребна Една Прави во животот.