Утре ќе се одржи 37-мото издание на Илинденскиот пливачки маратон

Сподели

Во организација на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, а под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално, по 37-ми пат на 2-ри август (вторник), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон „Охрид 2016“.

мал маратон

Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 50 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 часот од плажата на хотелот Парк.

Пристигнувањето на пливачите на целта на градското пристаниште во Охрид се очекува да биде од 10:30 часот.

ОХРИД24