100 години Зоолошка градина Скопје – Од средношколците со срце за Скопје ЗОО

Сподели:

По повод големиот јубилеј, 100 години од постоењето на Зоолошка градина Скопје, на 25 и 26 септември ( петок и сабота), од 12 до 15 часот, во Скопје ЗОО ќе се одржи дводневен базар под мотото „100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните”.

За првпат, средношколци од 22 средни училишта од Град Скопје ќе се обединат во заедничка мисија посветена на животните и на поддршката на Скопје ЗОО.

Во рамки на Базарот, учениците ќе ги претстават своите креативни производи, ракотворби и изработки, кои посетителите ќе можат да ги купат, а собраните средства ќе бидат наменети за животните во Зоолошката градина.

Настанот има за цел да ја поттикне креативноста кај младите, но и да ја зајакне емпатијата, одговорноста и грижата кон животните. Истовремено, Базарот е можност средношколците активно да се вклучат во одбележувањето на еден од најзначајните јубилеи на една од најстарите институции во градот, 100 години Скопје ЗОО.

ЗОО Скопје ги поканува граѓаните, семејствата и сите љубители на животните да ги поддржат младите и нивната креативност и заедно со нас да бидат дел од роденденскиот месец на Скопје ЗОО.

25–26 септември 2026
12:00–15:00 часот
Зоолошка градина Скопје

Сподели: