Вести Спорт Ударни вести

Кире Лазаров е новиот тренер на ракометниот клуб “Алкалоид”

Сподели:

 

Ракометниот клуб “Алкалоид” денеска на прес-конференција ги претстави тимот и стручниот штаб за новата сезона со која ќе дебитира во македонската Суперлига.

Исто така, беше претставен и новиот тренер на клубот, најдобриот македонски ракометар во историјата Кирил Лазаров.

 

 

“Чест и задоволство ми е што ќе работам во мојата Македонија, што во раце ќе имам ваков посакуван проект. Не се двоумев вооопшто дали да ја прифатам поканата на РК Алкалоид. Ние како РК Алкалоид посакуваме да има повеќе вакви концепти во Македонија, бидејќи тоа е клучот за создавање квалитетни национални состави. Знаеме колку си ја сакаме репрезентацијата и државата и затоа вакви проекти се потребни“, вели Лазаров. 

Нови играчи на Алкалоид за сезоната 2022/23 се: голманите Јане Цветковски и Благојче Трајковски, како и Никола Маркоски (капитен), Михајло Младеновиќ, Марко Митев, Едвин Омерагиќ, Давид Димевски, Александар Петковски.

Сподели: