Филипче: Пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината “Фајзер”

Сподели

 

Вчера попладне пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот “Фајзер” од кои 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата “Тим Европа” (Team Europe), изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.

Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинација на www.vakcinacija.mk