Собранието на 94. седница го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Савески беше изгласан со 66 гласа „за“, двајца пратеници беа „против“, а 8 воздржани.

Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

“- На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем,” истакна Николоски на собраниската седница. Тој нагласи дека Савески е професионалец, докажан во својата работа и, како што потенцира, без ниту една дамка во својата професионална кариера.
Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Савески ќе биде деветти републички обвинител на Македонија од независноста во 1991 и 19-ти од 1945 година.


