Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитка по повод Велигден до сите верници кои го слават Христовото воскресение според католичката традиција.
“Дозволете ми, од мое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија, на сите верници кои го слават Христовото воскресение според католичката традиција, да им го честитам Велигден.
Овој празник носи пораки на надеж, љубов, мир и духовна обнова. Во денови кога се потсетуваме на значењето на меѓусебното почитување, солидарноста и добрината, упатувам искрени желби празничните денови да бидат исполнети со здравје, спокој, радост и благосостојба.
Нека велигденските празници бидат поттик за зацврстување на довербата, разбирањето и заедништвото, како вредности што нè обединуваат во градењето на подобра иднина за сите граѓани. Честит Празник!” – се вели во честитката на претседателот на Собраниаето Африм Гаши.


