Алтернатива Настани

“2 во 1”: Стенд ап вечер со Миро и Чедо

Сподели:

 

Публиката ќе има можност да ужива на 31 мај со почеток во 20 часот, во Јавна Соба (Public Room), во два соло настапи на стенд ап комичарите од колективот Кабаре Кабает, во соработка со Златен заб.

Премиерно “Мојот живот, Калакурница”, соло шоу на актерот и stand up комичар Мирослав Петковиќ, познат и како Чика Брко. Неговото алтер его раскажува за бизарни и апсурдни ситуации од животот, кој секој од нас ги поминал барем еднаш. А откако ќе ги ги преживеете, сигурно си велите во себе: “каква калакурница”.

Чедомир Митевски актер, музичар, stand up комичар и професионален дегустатор на храна (гурман на кубен), ќе ни го презентира неговиот таен рецепт “Како е да си дебел глумец во Македонија”. Апел од актерот: “На 31-ви ќе има много калорични приказне, стопирајте гу диету и процес: морам да имам плочке на плажу до први!”

Чедомир Митевски роден во Куманово на 1.12.1993 год. Има дипломирано 2018 год.  на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје. Своите студии ги има завршено кај професорката Зоја Бузалковска. Покрај театарската уметност се занимава исто така со музика и со Stand up комедија како дел од ,,Кабаре Кабает”. Учествувал во неколку професионални претстави, тв серии, неколку кратки филмови и долгометражни. Со стенд ап почнува активно да се занимава во 2022 година и од тогаш има преку 50 настапи и едно соло шоу ,,Дебела истина”.

Театарски проекти; 2022 Улога „Поротникот 3“ во „12 гневни луѓе“, режија; Ирена Стеријовска, Продукција; Театар Куманово. Повеќе улоги во авторска претстава „Одлука“, режија; Хана Миленковска. 2019 Улога на “Маршалот“ во дипломска претстава “Бела Болест„ Текст; Карел Чапек, режија; Горјан Аревски продукција; МНТ/ФДУ – Скопје. Улога во претставата „ Како се прави човек“, текст; колективно авторство режија; Хана Миленковска, Продукција; „Навигатор Цветко“ – Скопје. 2018 Улогите на Мајкл и Ричард во „The Big Chill“, режија; Зоја Бузалковска Продукција; МНТ – Скопје. 2017 Улога на Пињон во „На погрешно место во погрешно време“, Режија; Мирослав Петковиќ, Продукција; Театар Куманово. 2016 Улогата на Чуварот во „System Error“, Текст; Маја Стевановиќ, Режија; Зоја Бузалковска Продукција; ФДУ-Скопје. 2015 улогата на Сладек во “Аудиенција„ Текст; Вацлав Хавел режија; Мирослав Петковиќ, Продукција; Теактер Студио и Театар Куманово.

Филмови и тв-серии; Споредна улога во – „Јас не сум Игор“, режија; Сергеј Георгиев, Споредна во „Врба“ режија; Милчо Манчевски, Споредна улога во – „Црни и Криви“ режија; Марко Џамбазовски. ТВ-серии; „5 плус Фамилија“, „Преспав“, „Куќен Притвор“ продукција; ОХО.

Билетите се по цена од 250 денари и можат да се набават на платформата на Продукција Златен Заб www.zlatenzab.mk

 

Сподели: