360˚ Интервју со Канческа-Милевска: Стојам зад мојата одлука и никој не ми вршел притисок

Сподели

Елизабета Канческа-Милевска во интервју за „360 Степени“, зборуваше за одлуката да гласа, тврдењата дека имало поткуп или пазарење за судски пресуди во замена за глас, исклучувањето од ВМРО-ДПМНЕ по гласањето и тврдењето дека ја предала својата партија.

-Во ниеден момент не сум ја предала партијата. Напротив, јас за партијата имам направено многу. Зошто да ја предадам партијата? Затоа што сметам дека треба да влеземе во амандманска расправа? Да дискутираме, да дадеме некој придонес, дали можеме нешто да видоизмениме во однос на тој договор? За тоа сум ја предала партијата? Затоа што имам изградено одреден став? Ако партијата ме почитува мене како личност треба да го слушне и мојот став. Ние треба како пратеници да дебатираме и во партијата. Значи нас партијата не поставила како пратеници. Граѓаните ни дале доверба преку партијата и преку идеологијата и сите оние постулати да бидеме пратеници. Затоа велам дека не чувствувам дека сум ја предала партијата – рече Канческа-Милевска.