Оваа година Diamond Mall својот роденден го претвора во роденден на хуманоста! Од 24 до 26 октомври, во соработка со ЈП ЛАЈКА – Скопје, трговскиот центар ќе биде дом на една посебна приказна – приказна за љубов, добрина и нови почетоци за бездомните кучиња што чекаат шанса за подобар живот.
Роденденот е повеќе од прослава – тоа е повик до сите да помогнат, да донираат или да подарат љубов на оние што немаат свој дом. Настан кој ги спојува семејствата, децата и љубителите на животни, потсетувајќи дека грижата за миленик е одговорност, а не тренд.

Во текот на целата роденденска недела, посетителите ќе можат да ја посетат донаторската зона и „Ѕвездите на Лајка“ – простор посветен на кучињата кои моментално се згрижени во Лајка и со нетрпение очекуваат да бидат вдомени. Секој гостин ќе има можност да ги запознае, да дознае нешто повеќе за нивните приказни и можеби да си замине дома со нов верен пријател.
Од 24 до 26 октомври ќе се одржи саем за миленичиња, со присуство на најдобрите брендови, ветеринари и едукатори кои ќе споделат совети за одговорно сопствеништво и грижа за миленик.
На 25 октомври, посетителите ќе можат да бидат дел од големата парада на хуманоста, во друштво на Биби, Боби и жирафата Жижи – со многу насмевки, музика и позитивна енергија.
А на 26 октомври, роденденската прослава ќе кулминира со голем концерт и настапи на Викторија Лоба, Лозано, Тамара Тодевска и специјалниот гостин Драган Мијалковски.
„За нас, секој роденден е повод за радост, но и за потсетување дека хуманоста треба да биде дел од секој наш ден. Затоа сме среќни што токму низ вакви настани успеваме да ја зголемиме свеста за вдомување и одговорно сопствеништво“.
Дојдете во Diamond Mall од 24 до 26 октомври! Запознај ги кучињата од Лајка, подари дом, донирај или едноставно – стани дел од нивната среќа.


