БИЉАЛИ: Луѓето ја препознаваат манипулацијата и не потпаѓаат на евтини трикови

Сподели

 

 

Како ја оценувате иборната кампања? Дали се наговестува земјотрес на политичката сцена? Ќе има ли одзив, прегласувања или инциденти? Како Резултатите ќе не претстават во ЕУ?

 

                 Мерсел Биљали

Како ја оценувате иборната кампања? 

БИЉАЛИ: Во рамките на постојните здравствени околности, кампањата може да се оценува како релативно добра, со исклучок на неколкуте детонирани бомби кои не само што ризикуваат да станат пракса, туку и да донесуваат незаслужен резултат. Друго, негативен е обидот на една политичка партија да игра врз колективни етнички емоции, што исто така имаше за цел да донесе незаслужен резултат. Но, среќата во вакви несреќни обиди е што луѓето после повеќе години научија да ја препознаат манипулацијата и да не потпаѓаат на вакви евтини трикови.

 

Дали се наговестува земјотрес на политичката сцена?

БИЉАЛИ: Јас очекувам сите сондажи да паднат во вода, впрочем како што се случи во Хрватска каде што сите сондажни куќи не ќе можат со години да се стекнат со обновен кредибилитет. Сите предвидуваа мртва точка – позиција, но на социјалистите им се случи невидена хаварија. Мислам дека и тука ќе се случат големи тектонски движења.

 

Ќе има ли одзив, прегласувања или инциденти?

БИЉАЛИ: Одзивот ќе биде послаб, не само поради кампањата, туку и поради сериозната загуба на довербата. Знаете, таму кај што се големи очекувањата, таму се големи и разочарувањата. Не мислам дека ќе има големи причини за прегласувања оти луѓето сфатија дека потоа со години ги следат судските постапки. А во сегашната ситуација секој може да ве снима додека се обидувате нешто противзаконски да преземете.

 

Како Резултатите ќе не претстават во ЕУ?

БИЉАЛИ: Јас мислам дека пред крајот на годината ќе биде усвоена преговорачката рамка и процесот ќе тргне во потребна насока. Пропуштивме цели 20 години од глупостите на Груевски. Нормално, со времената референца се очекуваше 2011 да станеме членка на ЕУ, но провокациите на Груевски не закопаа.