Пендаровски-Заев-Филипче: Нема потреба од вонредна состојба, само строго почитување на мерките

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот Филипче се децидни дека нема потреба од вонредна состојба бидејќи има функционална Влада која може да носи закони.

 

 

 

“Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, кога имаме функционален парламент”, порача претседателот на државата Стево Пендаровски, по седницата на Советот за безбедност. “И денес да прогласиме вонредна состојба, нема да го уништиме ковид-19. Вонредната состојба и полицискиот час немаат врска едно со друго. Ако врши работа, еве уште денес да прогласиме вонредна состојба. Армијата може да биде логистичка поддршка секогаш кога треба и тоа е одлука што јас ја потпишувам. Ако треба и Армијата ќе ја ангажираме. За тоа не ни треба вонредна состојба”, појасни Пендаровски. “Во отсуство на вакцината или лек нема алтернатива освен почитување на протоколите, носење маски, физичка дистанца, драстично намалено дружење”, додаде Пендаровски.

И премиерот Заев изјави дека не треба вонредна состојба, Владата да прогласи забрани за движење.

 

 

“Вонредна состојба, обично се носи кога треба брзи реакции. Парламентот работи и функционира. Мене ме плаши неотворената можност за онлајн работа на Собранието, затоа што како што имам информации, можеби не се точни, досега од конституирањето на парламентот имаме повеќе од 10 отсто од пратениците кои се заболени или во изолација или имаат заболени во семејството. Имајќи го тоа во предвид очекувам дека сегашната законска регулатива за мерките, заедно со кредитот од Светска Банка и ребалансот на буџетот ќе имаме доволна широчина” – изјави премиерот Заев. 

Според министерот за здравство, Венко Филипче јасно е дека вирусот е тука и мора да се живее со него со овие мерки за заштита.

 

 

“Рестрикција на движењето нема да има ефект. Затоа има мерки за носење маски и избегнување на групирањето. Има доволно болнички легла и подготвен кадар кој е спремен да се бори за пациентите болни од ковид-19 и упати апел до граѓаните да бидат сигурни дека секој на кој му треба, ќе добие соодветна грижа.” – појасни министерот Филипче.

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/3628740993831094/