80 години Драмски театар Скопје јубилеј со „Мачкина глава“

Сподели:

Драмскиот театар Скопје одбележува 80 години постоење со праизведбата на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски.

Претставата носи силна општествена порака, инспирирана од современите глобални состојби, и претставува своевидна постмодерна рефлексија на „Диво месо“ од Горан Стефановски.

Во претставата играат: Рубенс Муратовски, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Сара Климоска, Игор Ангелов, Сања Арсовска, Златко Митрески и Предраг Павловски.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Марија Пупучевска, а музиката на Горан Трајкоски.

Сподели: